Поврзете се со нас

Шпанија

Чистка во Барселона: Каталонците ќе се ослободат од 14 играчи

Објавено

на

Пред шпенскиот прволигаш Барселона е пеколно лето или така барем најавуваат медиумите на Пиринеите.

Каталонците според информациите имаат намера да направат големи промени во составот и истиот да изгледа далеку поинаку од актуелниот кој како што стојат работите ќе го заврши со само една освоена титула и тоа онаа во Копа Дел Реј.

Дури 14 играчи се очекуваат да го напуштат „Камп Ноу“, листа на која се голманот Нето, потоа Умтити, Фирпо, Пјаниќ, Брајтвајт, Кутињо, Фернандеш…Заработените средства се очекува да бидат искористени за доведување на нови фудбалери со тоа што управата прво сака да ангажира неколку асови кои се слободни агенти како стоперот Ерик Гарсија, Серхио Агуеро, Мемфис Депај…

Како и да е пред шпанскиот великан е доста работа во обидот да се врати стариот сјај на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни