Поврзете се со нас

Германија

Чистка на „Алијанц Арена“: Баерн е подготвен да се откаже од шест ѕвезди

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен имаше катастрофална сезона, сезона во која не беше освоен ниту еден трофеј по што стана јасно дека ќе се направат големи промени во овој период, летниот трансфер прозорец.

Клубот го реши најважното прашање и го назначи Венсан Компани за нов тренер, па сега оперативците заедно со него ќе можат да скројат план и да ги реализираат трансфер операциите кои ќе треба да помогнат да го вратат клубот на посакуваното ниво.

Како што стојат работите, „баварците“ се подготвени за големи промени, чистка на „Алијанц Арена“ и потврда за тоа е веста, информацијата која дојде до „Скај Спорт“ во која се вели дека Баерн ги става на трансфер листата Јозуа Кимих, Леон Горецка, Матијс де Лихт, Кингсли Коман, Серж Гнабри и Нусаир Мазрауи, поточно за нив ќе се слушаат понуди во овој преоден рок.

Со оглед на нивниот квалитет не би требало да има проблем да се пронајдат заинтересирани клубови кои сепак ќе мора да пронајдат заеднички јазик со баварците кои секако ќе сакаат да соберат што повеќе средства за да ги вложат во засилувања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни