Поврзете се со нас

Македонија

Чистка кај шампионот: Шкупи со раздели со шест фудбалери

Објавено

на

Екипата на Шкупи го чека својот прв ривал во квалификациите за Лигата на шампионите, но во меѓувреме повлекува потези, прави промени во составот со кој ќе настапи на европската и домашната сцена во натпреварувачката 2022/2023.

Имено дел од истиот нема да бидат шест играчи со кои клубот од Чаир официјално реши да се раздели. Тоа се Константин Чешмеџиев, Ардит Илјази, Фатих Исмаили, Александар Ѓурковски, Марко Ѓорѓиевски и Абдул Рватубјаје.

Со нив соработката е прекината, а Шкупи им посака среќа во нивните понатамошни кариери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни