Поврзете се со нас

Франција

Чистка кај шампиониот: Играчи кои ова лето можат да си заминат од ПСЖ

Објавено

на

Пари Сен Жермен почнува нова ера во која Луис Кампос ќе ја има улогата на спортски директор, додека допрва ќе видиме кој ќе биде наследникот на Маурисио Покетино на клупата на „светците“ со тоа што фаворит е Кристоф Галтие од Ница.

Се очекува ова лето да биде бурно во Париз затоа што клубот сака да направи чистка и да се ослободи од доста играчи. Веќе двајца голмани си заминуваат Алфонс Ареола во Вест Хем и Марчин Булка во Ница, но тие само ќе почеток на она што треба да се случува.

Според француските медиуми нови клубови треба да побараат Тило Керер, Абду Диало, Серхио Рико, Идриса Геј како и Арно Калимуендо. Треба да се најде решение и за Мауро Икарди, Андер Ерера и Леандо Паредес кои изразија желба да останат, а не е сигурен ниту Нејмар.

Ако се остварат овие планови тогаш ПСЖ ќе има сосема нов лик во натпреварувачката 2022/2023.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни