Поврзете се со нас

Македонија

„Чистка“ кај „црвено-црните“: Вардар се ослободи од девет играчи

Објавено

на

Вардар во изминатиов период беше постојано активен со информациите за ангажман на нови играчи, па така беа доведени Мите Цикарски, Михал Пинтер, Георгије Јанкулов, Михаил Маневски, Димитар Тодоровски, Давор Талески и напаѓачот Едиз Спахиу.

Денеска скопскиот тим ја информираше јавноста дека повеќе дел од клубот не се деветмина фудбалери и тоа Мартин Блажевски, Давид Велковски, Ким Сеукјун, Огнен Здравковски, Симеон Здраковски, Јонус Рушту, Ѓорѓе Чосиќ, Дејан Ѓуриќ и Марио Костов, односно со ова може да се заклучи дека е направена голема чистка, промена во составот кој разочара во првиот дел од сеозната.

Пред Вардар се сериозни предизвици во продолжението од кампањата, првата цел е да се обезбеди опстанок со оглед на тоа што во моментов е претпоследен на табелата со 13 бода, а тука е и настапот во Купот каде во четвртфиналето ќе ги одмерат силите со Силекс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни