Чиста партија на репрезентативецот: Стојановски шутираше без грешка против Пинар Каршијака

vojdan

Македонскиот репрезентативец, Војдан Стојановски одигра уште еден добар натпревар во дресот на Бујукчекмече, а што е најважно неговиот тим ја доби битката со Пинар Каршијака (77-70) од седмото коло во турскиот шампионат.

Војдан во третиот сезонски триумф учествуваше со седум поени до кои стигна без ниту едно промашување, поточно за 18 минути на теренот биеше еден од еден за два, еден од еден за три и два од два за еден, плус зад своето име додаде 4 скокови и 1 асистенција.

Најпрецизни кај победниците беа Вокер со 20 и Рајт со 21 поен.

Facebook Коментари