Поврзете се со нас

Англија

Чилвел стави крај на кошмарот во Челси и се пресели во друг премиерлигашки клуб (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Бен Чилвел како поранешен англиски репрезентативец се најде во многу неблагодарна ситуација во Челси во изминатите шест месеци, па иако изгледаше дека на истиот не му се ближи крајот, левиот бек сепак успеа да стави крај на кошмарот.

Дефанзивецот беше прецртан од Енцо Мареска уште во јули и тренираше одвоено од тимот за време на летниот преоден рок, па изминатите шест месеци не доби ниту една вистинска шанса од италијанскиот стручњак.

Како играч кој е прецртан од менаџерот, Чилвел го искористи дури последниот ден од зимскиот преоден рок за да си пронајде нова средина, а добра вест за него е што останува во Премиер лигата.

Кристал Палас е клубот кој реши да му подаде рака на искусниот лев бек, кој сега до крајот на сезоната ќе игра на „Селхрст парк“.

Станува збор за едноставна позајмица во времетраење од пет месеци, па сега останува да видиме во какво издание ќе се прикаже Чилвел после периодот во кој воопшто не играше за Челси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни