Поврзете се со нас

Англија

Чилвел добил лоши вести од лекарскиот тим на Челси

Објавено

на

Бен Чилвел доби лоши вести од клупските лекари на Челси, кои му потврдиле проблем со вкрстените лигаменти на коленото.

Англискиот фудбалер се повреди за време на дуелот меѓу Челси и Јувентус од Лигата на шампионите и тоа по дуелот со Адриен Рабио, по што веднаш го напушти теренот и беше јасно дека проблемот не е наивен.

Деталните прегледи покажале незгодна повреда, а менаџерот Томас Тухел најавил подолга пауза за својот фудбалер.

– Одлуката за Бен е неговата повреда да биде лекувана на конзервативен начин.

– Тоа значи дека ќе паузира шест недели, а потоа лекарите ќе одлучат дали треба да се продолжи на ист начин, или Чилвел ќе биде опериран.

– Во моментов сметам дека нема да го имаме во тимот шест недели, оптимист сум дека паузата нема да биде подолга, – изјавил Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни