Поврзете се со нас

АТП

Чилиќ: Играњето без публика ќе го девалвира трофејот на Ју-Ес Опен

Објавено

на

Марин Чилиќ го постигна својот најголем успех на Ју-Ес Опен, освојувајќи го овој грен-слем турнир во 2014 година, па веројатно и очекувано важи за негов омилен турнир во годишниот календар.

Хрватот во својата последна изјава ја коментира можност Ју-Ес Опен да се игра без публика, нешто што според не би било добра опција.

– Моето чувство е дека помалку или повеќе тоа ќе бидат како тренинг мечеви.

– Во годините кои доаѓаат секогаш ќе биде „знаете, тој е тенисерот што го освои Ју-Ес Опен без публика. Мислам дека тој трофеј ќе нема тежина, нема да биде најдобро сценарио, – вели Чилиќ.

– Мислам дека тенисот е многу поразличен од фудбалот или кошарката. Тие имаат недовршени сезони и истите се поврзани и со следната, додека во тенисот дури и да продолжиме следниот јануари нема да промени многу. Мислам дека нема да има турнири без публика, – дополнува хрватскиот тенисер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни