Поврзете се со нас

Шпанија

Чилаверт ја дообјасни својата навредлива изјава за Винисиус: Сите дознавме зошто плачел

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Хосе Луис Чилаверт жестоко го нападна Винисиус Жуниор пред неколку дена и испорача навредливи зборови за ѕвездата на Реал Мадрид, а легендарниот Парагваец сега доби шанса да се дообјасни во родната земја.

Првичниот коментар на поранешниот голман беше испратен преку социјалните мрежи и со истиот предизвика многу реакции во јавноста, па иако многумина му забележаа за употребените зборови, сега тој одново го напаѓа Бразилецот.

–  Правење цирркус, а првиот кој навредува и ги напаѓа ривалите е токму тој. Нека не биде педер, фудбалот е за мажи!, – гласи бруталната порака од легендарниот парагвајски голман, – порача Чилаверт пред неколку дена, а сега продолжи.

– Зошто мислите дека е жестоко тоа што го кажав за Винисиус? Поради тоа што сум праведен? Зошто плаче на пресот? Тој вели дека црнците треба да живеат подобро, зарем треба ние белците да се самоубиеме?

– Тоа што го напишав на Твитер беше јасно, фудбалот е за мажи! „Не биди педер“ во Парагвај не се доживува како нешто навредливо. Сите дознавме зошто плачел. Камерите од „Нетлфикс“ биле во прес-центарот и почнал да плаче поради документарецот кој се снима. Зошто не кажа нешто кога бразилската полиција ги убиваше од ќотек аргентинските навивачи? Тој е првиот кој ги провоцира ривалите, а потоа почнува да плаче, – порачува Чилаверт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни