Поврзете се со нас

НБА

Чикаго во акција: „Биковите“ договорија уште едно познато име

Објавено

на

Во НБА лигата е супер активно, тимовите се впуштија во акција, а еден од оние кој е супер активен е Чикаго Булс.

Поранешниот шампион по се изгледа е решен да игра далеку посериозна улога на Истокот, па така откако вчера ги обезбеди Лонзо Бол и Алекс Карузо денеска како што стојат работите дојде до ДеМар Дероузен. Американските медиуми пренесуваат дека Чикаго и Сан Антонио Спарс прават зделка во која ДеМар ќе заврши во „биковите“, додека во спротивен правец одат Тадеус Јанг, Ал Фарук Амину и пикови на драфтот.

Воедно Дероузен ќе потпише тригодише договор со Булси вреден 85 милиони долари.

Со него, потоа Лавин, Бол, Карузо, Вајт и останатите Чикаго дефинитивно има тим кој може да се бори за плејофот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни