Поврзете се со нас

НБА

Чикаго ја запре победничката серија на Бостон, шампионот загуби со 45 разлика од Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Чикаго Булс ставија крај на победничката низа на Бостон Селтикс во НБА лигата и тоа откако утрово во својот дом во „Јунајтед Центарот“ го надиграа со 121-107.

„Биковите“ влегоа во овој дуел со четири порази во низа, додека пак на спротивната страна имаа противник со девет победи во серија, ама ова како дополнително да ги мотивираше избраниците на Донован кои им одржаа лекција на „келтите“.

Во прв план беа двете најголеми ѕвезда ДеРоузен и Лавин кои искомбинираа 50 поени, кај Бостон пак Тејтум беше најистакнат играч со 28 кошеви и 11 скока.

Бранителот на титулата, Голден Стејт Вориорс пак претрпе тежок пораз на гостувањето кај Њу Орлеанс од 128-83. Гостинскиот тренер Кер се одлучи да ги одмори, поштеди најдобрите играчи Кари, Томпсон, Грин и Вигинс, а тоа знаеја како да го искористат „пеликаните“ кои славеа со дури 45 разлика.

Инграм „испука“ 34 поени, а најблиску до него беше Пул од поразените со 26 кошеви.

Останати резултати:

Кливленд-Атланта 114-102

Индијана-Орландо 123-102

Милвоки-Портланд 119-111

Минесота-Мајами 105-101

Оклахома-Њујорк Никс 119-129

Клиперс-Јута 121-114

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни