Поврзете се со нас

Англија

Чичарито: Јунајтед направи една грешка која се уште го прогонува

Објавено

на

Хавиер Ернандез кој на фудбалската сцена е познат како Чичарито, уште еднаш ја потенцираше големата грешка која неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед ја направи со поставувањето на Дејвид Мојс на менаџерската функција.

Шкотскиот стручњак беше доведен како наследник на ултра-успешниот Алекс Фергусон, но издржа само седум тешки месеци на функцијата.

Чичарито вели дека не можел да го сфати тој потег на раководството и дека неговите последици се чувствуваат и денеска.

– Да бидам искрен, секогаш ќе бидам „црвен“, немав ни личен проблем со Мојс, но неговото назначување беше грешка.

– Тоа е грешка која се уште го прогонува клубот, не поради него, тој не беше лош менаџер, но тие мислеа дека така брзо и едноставно ќе најдат замена за Фергусон. Тоа беше невозможно.

– Дури и сега, со Гвардиола, Клоп и Мурињо во лигата, тие не се на исто ниво. Сега веројатно се на пат да стигнат до тоа ниво и сигурно ќе успеат, – изјавил Чичарито во гостувањето на емисија на Рио Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни