Четврто засилување: Шкендија го ангажираше и Словакот Кривак

JanKrivak-Shkendija

Екипата на Шкендија промовираше уште едно зимско заислување, а тоа е 26-годишниот словачки интернационалец Јан Кривак.

Тој со прволигашот од Тетово потпиша две ипол годишен договор и со тоа стана четврто ново име во „црвено-црниот“ табор во овој преоден рок по Алдаир Сапало Амеро Нето, Валон Ахмеди и Ардин Далку.

-Среќен сум поради можноста да играм за Шкендија и да се борам за освојување на трофеи. Доаѓам во најуспешниот клуб во Македонија во последните години, фактот дека ќе се борам за титули, но и за успех во Европа ме убеди да дојдам во Тетово. Им ветувам на навивачите дека ќе дадам се од себе на теренот, -порача Кривак кој во Шкендија доаѓа од Карвина од Чешка.

Facebook Коментари