Поврзете се со нас

Свет

Четврто ново име: Партизан доби засилување од НБА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Партизан под водство на најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ ќе се обиде да ја врати старата слава, а дека проектот на клубот од Белград е повеќе од сериозен говорат активностите на трансфер пазарот.

Имено откако „црно-белите“ го официјализираа Обрадовиќ за нов предводник прво дојде Американецот Кевин Пантер, потоа пристигна српскиот репрезентативец Алекса Аврамовиќ за да следен биде потврден трансферот на центарот Зек Ледеј.

Сега е официјализирано ново засилување и тоа играч кој изминативе години беше дел од НБА лигата. Се работи за Родионс Курукс кој со Партизан потпише двегодишен договор.

Имено Летонецот играше за Рига и Барселона по што во 2018 година се пресели во НБА каде беше избран како 40 пик на драфтот од страна на Бруклин Нетс.  Тука се задржа до 2021 по што имаше кратки епизоди во Хјустон Рокетс и Милвоки Бакс пред сега да слета во Белград.

Курукс одигра 131 меч во најсилната лига на светот, имаше просек од 6 поени и 3,1 скок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни