Поврзете се со нас

Македонија

Четврто ново име кај „романтичарите“: Мухарем потпиша за Работнички

Објавено

на

Работнички е еден од најактивните македонски клубови во овој преоден рок, па така денеска на јавноста и го претстави четвртото засилување и тоа е Сухељ Мухарем.

Се работи за 19-годишен играч кој доаѓа од Ренова, а со романтичарите потпиша двегодишен договор.

Доведовме млад и квалитетен фудбалер кој ги мина сите репрезентатовни селекции на Македонија и очекуваме Работнички за него да биде идеална средина за напредок во кариерата. Раководството на Работнички продолжува со активен пристап во преодниот рок и ќе бидат доведени уште неколку квалитетни фудбалери до заокружување на ростерот за следната сезона, –изјави спортскиот директор, Горан Станковски.

Претходно клубот од Дебар Маало ги доведе Бојан Илиевски, Анес Османовски и Дејан Тантуровски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни