Поврзете се со нас

Македонија

Четврто летно засилување за амбициозниот проект: Гостивар доведе домашен напаѓач со интернационално искуство (Фото)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/KFGGostivari

Гостивар во еден ден ги потврди првите три засилувања за новата натпреварувачка сезона, а денеска пристигна официјална објава и за четвртото.

Десетина дена по потписите на Глишиќ, Мурати и Чешмеџиев, амбициозниот клуб продолжи да го засилува тимот во летниот преоден рок, во кој крајна цел е да се создаде навистина силен и респектабилен тим за стартот на сезоната.

Гостивар денеска ја информираше јавноста дека потпишал со искусниот напаѓач Марко Симоновски, голгетер кој пристигнува како слободен агент по авантурата во Узбекистан.

Станува збор за напаѓач со големо интернационално искуство за свои 32 години, а на мак-сцената беше познат како член на Напредок и Металург.

Последно настапуваше во фудбалската лига во Узбекистан, а претходно ги бранеше боите на Дрита, Фероникели, Волунтари, Сепси, Лахти, Жетису, Сплит и Амкар Перм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни