Поврзете се со нас

Германија

Четвртиот судија си ја вршеше својата задача, реакцијата на некултурниот Сане ги разбесни германските фанови (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Лерој Сане има улога на резерва на најважните натпревари кои ги игра Баерн Минхен во Лигата на шампиони, факт кој дефинитивно на моменти преизвикува и фрустрација кај германскиот репрезентативец.

Некогашната ѕвезда на Манчестер Сити продолжи со неконстантните партии и под водство на Венсан Компани, па иако фановите на Баерн имаат измешани емоции за неговите партии оваа сезона, по последниот натпревар против Бохум, сите се едногласни во критиките кон крилниот фудбалер.

Сане беше изваден од игра во 63-та минута во шокантниот пораз од Бохум на домашен терен, но додека му го отстсапуваше своето место на Олисе, Лерој режираше еден некултурен гест.

Без никаква потреба, Сане изреагира максимално некоректно кон четвртиот судија кој само си ја вршеше својата задача, па поради таквото однесување, Лерој е мета на сериозни критики во Германија.

Ова не е првпат Лерој да се однесува арогантно на еден фудбалски терен, па фановите бараат од него вината да ја гледа кај себе, а не да ја искажува на начин на кој не му доликува на еден професионалец.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни