Поврзете се со нас

Европски првенства

Четвртина од Германците не се заинтересирани за претстојното ЕП во фудбал

Објавено

на

https://twitter.com/DFB_Team_EN

Германија ќе биде домаќин на Европското фудбалско првенство, кое започнува на 14. јуни, но домашната јавност воопшто не е еуфорична пред стартот на уште еден престижен турнир.

Слабите резултати на последните големи натпреварувања донесоа сериозна доза разочарување кај германските фанови, а анкетата на телевизијата „АРД“ покажала дека 27 проценти од испитаниците воопшто не се заинтересирани за престижниот турнир.

Помалку од половина (43%) се изјасниле дека се многу заинтересирани за ЕП, додека 28 проценти од испитаниците биле некаде на средината во своето изјаснување.

Германците имаа лоша серија резултати и по последното СП, а доаѓањето на новиот селектор Јулијан Нагелсман барем малку ја подобри атмосферата и ги зголеми очекувањата.

Она што посебно е истакнато е стравувањето за безбедноста, па дури 42% од испитаниците рекле дека се сериозни загрижени за безбедноста додека трае овој мега фудбалски настан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни