Поврзете се со нас

Олимписки игри

Четвртфинална ждрепка за кошаркарскиот турнир: Шпанија доби „казна“, Европа ќе има финалист

Објавено

на

Крајот на групната фаза на кошакарскиот турнир во машка конкуренција на Олимпијадата во Токио ја донесе на дневен ред и најавената ждрепка која го одреди патот на селекциите до евентуалното финале.

Како што уште претходно беше најавено од ФИБА, по крајот на натпреварите во трите групи, се формираат два шешира од по четири селекции, со што истите ги добија противниците во четвртфиналето.

Во првиот шешир биле првопласираните селекции од трите групи и најдобрата второпласирана репрезентација, а Шпанците добија голема казна за поразот од Словенија, добивајќи го американскиот состав за противник во четвртфиналето.

Во Токио ќе видиме ново соочување на светскиот и олимпискиот првак, откако за време на подготовките тие играа контролен натпревар кој заврши со победа на САД.

Франција-Италија ќе биде уште едно големо, овој пат европско дерби во четвртфиналето, а Австралија за противник ќе ја има селекцијата на Аргентина во дуел каде и двете селекции влегуваат со ист императив.

Словенија по одличниот настап во групата за противник ја доби Германија и ќе биде голем фаворит на оваа средба.

Одреден е и патот до финалето, па победникот од дуелот Шпанија-САД ќе се соочи со подобриот од четвртфиналето меѓу Австралија и Аргентина. Ова значи дека Европа има еден сигурен финалист, бидејќи на другата страна од ждребот се паровите Словенија-Германија и Франција-Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни