Поврзете се со нас

АТП

Четвртфиналистот на Ју-Ес Опен летна во облаци: Време е да ја шутнеме „големата тројка“

Објавено

на

Данил Медведев се испречи на патот на Новак Ѓоковиќ кон тениска историја во финалето на Ју-Ес Опен и го оневозможи светскиот рекет број еден да стигне до календарски слем во 2021-ва година, нанесувајќи му го првиот пораз на 28-от меч на најголемите четири турнири во изминатите девет месеци.

По 27 последователни победи, Ноле остана на едно скалило од историја и не успеа да слави во големото финале во Њујорк кое се одигра во неделата, а кое беше навистина еднострано во полза на рускиот тенисер кој славеше со 3:0. Русинот го заокружи фантастичното лето со прва грен слем титула во кариерата, но голем добитник од Флешинг Медоус е и Лојд Харис кој скокна дури 15 места на АТП листата.

Тенисерот од Јужна Африка имаше одличен турнир и стигна до четвртфиналето каде загуби од Александер Зверев, но откако го оствари својот најдобар грен слем резултат на 24-годишна возраст и стигна до 31-то место на АТП листата, собра храброст и порача дека тој и неговите млади колеги се подготвени да направат промена во тенисот.

– Младите тенисери веќе и се заканија на „големата тројка“ и тоа е факт. Веќе извесно време тоа се најавува, но сега полека станува реалност. Медведев имаше неверојатно лето и неговиот успех е голем плус за новата генерација тенисери.

– Но, тука не е само Данил. Оваа млада генерација навистина надоаѓа. Ако погледнете во топ 50, има повеќе млади играчи од било кога во последните 20 години. Феликс Алиасим имаше извонреден пат на Ју-Ес Опен, Хуркач имаше добра година и победи на Мастерсот во Мајами, а Каспер Руд освои три титули. Новата генерација надоаѓа и овие момци кои ги набројав, се момците со кои растев. Игравме на јуниорските турнири, а сега сме при врвот и како професионалци. Покажавме дека сме подготвени и време е да ја шутнеме „големата тројка“ и да го преземеме врвот во тенисот, – вели Лојд Харис кој ова лето успеа да извојува победа и над Рафаел Надал кој ги заврши настапите за 2021-ва година токму по поразот од Африканецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни