Четврта сезонска радост: Металург го преслуша Динамо Панчево

jaganjac

Ракометарите на Металург попладнево пред своите гледачи во СЦ „Борис Трајковски“ дојдоа до четвртата сезонска победа во СЕХА лигата и тоа над српскиот претставник Динамо Панчево кој беше преслушан со 33-25.

„Металурзите“ од самиот старт го преземаа водството, поточно откако беа во негатива од 2-1 направија серија од 3-0 по што имаа комплетна контрола на играта, резултатот и заслужено се радуваа на триумф. На паузата клубот од Автокоманда имаше плус девет (22-13), па продолжението беше чиста рутина за четата на Јовиќ.

Јагањац блескаше со 10 голови, македонскиот репрезентативец Кузмановски даде 7, а голманот Томовски имаше 8 одбрани. За гостите од Панчево по три погодоци дадоа Филиповиќ, Буњевчевиќ и Мирковиќ.

Металург со 12 поени е шести на табелата.

Facebook Коментари