Четврта гостинска победа: Милан го освои „Ренато Дал’Ара“ (Видео)

pjontek

Фудбалерите на Милан се изборија за славје од 3-2 на вечерашното гостување кај Болоња на „Ренато Дал’Ара“.

Ова за „росонерите“ беше втора победа во низа, четврта на страна во осмиот натпревар во актуелнава сезона. Дуелот беше интересен, па така уште во првото полувреме паднаа три погодоци во мрежите на Скорупски и Донарума.

Милан успеа во периодот од 15 до 32 минута двапати да ја затресе мрежата на домаќиниот преку Пјонтек од пенал и Ернандез за да четата на Михајловиќ се врати во игра со автоголот на Ернандез. На стартот на вториот дел Бонавентура одново ги однесе „црвено-црните“ до позитива од два гола што секако беше неочекуван удар на Болоња која продолжи да се бори, ама до крајот само успеа да се избори за втор погодок и тоа Сансона кој беше прецизен од 11 метри во 84 минута.

Сега клубот од Милано има 20 бода доволно за 10 место на табелата, додека пак Болоња со 16 ја држи 12 позиција.

Facebook Коментари