Поврзете се со нас

Свет

Четворка на Поповски против Базел

Објавено

на

Амичитија Цирих на Мартин Поповски влезе во посакуван ритам во првата лига на Швајцарија, а најдобар доказ за тоа е третата победа во низа која беше остварена над Базел со резултат 29-25.

Првиот дел мина во изедначена игра која на крајот заврши со плус еден за домаќинот (13-12). По паузата пак Цирих заигра уште подобро, поквалитетно во нападот и со тоа се избори за резултатот што го посакуваше или поточно го потврди статусот на фаворит.

Нашиот интeрнациналец имаше добар меч и даде четири гола од шест обиди, прв на листата на стрелци беше Гудмундсон со шест погодоци.

Со осум бода и учинок 4-1 (победи/порази) Мартин и неговите колеги го заземаат 4. место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни