Свет
„Четворка“ на Димитриоски против Адемар Леон, Бенфика и Талески „летаат“ во Португалија
Валјадолид на Димитар Димитриоски и Мартин Карапалевски издвојува победа над Адемар Леон од 35:31 во првата лига на Шпанија.
По борбеното и израмнето прво полувреме кое гостите го добија со минимални 16:15, ситуацијата беше поинаква во вторите 30 минути во кои избраниците на Писонеро беа на повисоко ниво, одиграа пред се поефикасно во нападот и се изборија за шесто славје во натпреварувачката 2024/2025 во АСОБАЛ лигата.
Димитриоски имаше добар меч и даде четири погодоци, додека Карапалевски имаше еден неуспешен обид за гол.
Во Португалија пак Бенфика на Филип Талески дојде до четвртиот триумф во низа и тоа против Назаре. Фаворитот одигра колку што му беше потребно и славеше со 34:26.
Талески беше стрелец на еден гол. Следно за составот од Лисабон е соочувањето со АДЦ Бенавенте во Купот на Португалија.
-
Англија23 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП17 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија16 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација18 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија15 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Германија19 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Италија14 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан