Поврзете се со нас

Европски првенства

Четворица играчи не сакаат повеќе да играат за Србија, причината е Пикси!

Објавено

на

foto: x.com/FSSrbije

Србија со голем оптимизам и желба влезе на Европското првенство каде целта беше да се обезбеди пласман во нокаут фазата, меѓутоа таа цел не е остварена иако тимот загуби само еден меч во групната фаза и тоа оној од фаворитот Англија.

Од друга страна пак репрезентацијата даде само еден гол на три средби што е навистина скромно и недозволиво за селекција која сонува за осминафинале. Критики имаше низ целиот турнир, критики има и денеска, детални анализи допрва ќе биде, а денеска со една бомбастична вест излезе „Информер“ кој тврди дека четири значајни играчи нема повеќе да настапуваат за Србија се додека е селектор Драган Стојковиќ Пикси.

Се работи за капитенот Душан Тадиќ кој имаше неколку изјави со кои јавно посочи како се чувствува за некои потези на Пикси, потоа тука е најдобриот стрелец во историјата на националниот тим Александер Митровиќ, неговиот соиграч од Ал Хилал-Сергеј Милинковиќ Савиќ, а најизненадувачкото име е голманот Предраг Рајковиќ кој бранеше на сите три средби во Германија.

Останува да се види колку е ова вистина или само со вести со кои само дополнително се зголемува тензија, се врши притисок врз Стојковиќ за кого јавноста бара негова оставка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни