Лига на шампиони
Четворица експерти на „Би-Би-Си“ за новата сезона во ЛШ: Се издвојува еден фаворит!
Денешниот ден е посебно значаен за фудбалските фанови, бидејќи не само што започнува нова сезона во Лигата на шампионите, туку првпат ќе се игра по новиот формат кој според УЕФА ќе донесе дополнителна доза возбудувања.
Првиот натпреварувачки ден ќе донесе шест натпревари кои ќе се играат во термините од 18:45 и 21 часот, а британскиот национален сервис „Би-Би-Си“ побарал мислење од четворица фудбалски експерти за нивните очекувања и потенцијалниот шампион.
Покрај уредникот на „Би-Би-Си“, Фил МекНалти, во оваа „анкета“ се вклучени и шпанскиот експерт Гилјем Балаг, германскиот новинар Константин Енкер, како и францускиот фудбалски експерт Жилиен Лоренс.
Заклучокот од ставовите на четворицата анкетирани е дека Реал Мадрид е прв фаворит и ангажманот на Килијан Мбапе дополнително ги зголемува неговите шанси да ја одбрани титулата во финалето во Минхен.
Фил МекНалти:
Шампион: Вклучувањето на Мбапе во ростерот на Реал овозможува лесно да биде навестена 16. европска титула за Реал и шестри трофеј за Карло Анчелоти. Манчестер Сити веројатно е најблиску, но Реал ја има таа неверојатна навика да стигне до целта дури и кога не игра најдобро.
Изненадување: Ливерпул
Жилиен Лоренс:
Шампион: Станува малку досадно затоа што Реал победува секоја година, но не гледам друг епилог и оваа сезона. Шпанскиот шампион има искуство, традиција, менталитет и талент. Замислете тие го задржаа истиот тренер и најголем дел од екипата, иако отсуството на Тони Крос е голема загуба, а на тоа го додадоа најдобриот светски фудбалер, Килијан Мбапе.
Изненадување: Баер Леверкузен
Гилјем Балаг:
Шампион: Може да го предвидите пласманот на Сити и Реал во полуфиналето, но на таков натпревар може да одлучи некој детаљ, без разлика дали е грешка, повреда или судиска одлука. Сметам дека Сити поседува доволен квалитет за да освои две квалитетни натпреварувања, од кое едното она најпрестижното во Европа. Квалитетни се на двете страни и се доволно зрели да разберат што е потребно на секој дел од теренот и во секој момент од натпреварот.
Изненадување: Интер
Константник Екнер:
Шампион: Реал победи во мај и оттогаш го ангажираше и Мбапе. Шпанскиот моќник повторно е тимот кој треба да се победи и веројатно се подготвени за 16. титула. Не би посветувал многу внимание на нивните настапи до јануари-февруари, затоа што тимот на Анчелоти блеснува во нокаут фазата, додека останатите екипи имаат проблем да одиграат квалитетно во последните месеци. Сметам дека Манчестер Сити и Баерн Минхен се најсериозни ривали на Реал сезонава.
Изненадување: Атлетико Мадрид
Програма во ЛШ за 17. септември:
18:45 Јувентус-ПСВ
18:45 Јанг Бојс-Астон Вила
21:00 Милан-Ливерпул
21:00 Баерн Минхен-Динамо
21:00 Реал Мадрид-Штутгарт
21:00 Спортинг-Лил
-
АТП20 часа
Тони Надал: Ѓоковиќ е најдобар во историјата, Федерер играше најдобар тенис, а Рафа…..
-
Италија15 часа
Канаваро потсети на каков бизарен начин дознал дека ќе ја освои „Златната топка“
-
Свет19 часа
Аргентина ремизираше, Меси се пожали за „базенот“ на кој се играше: Не можеа да се врзат две додавања (Видео)
-
Англија13 часа
Ди Канио: Директорите на Јунајтед треба да бидат уапсени зошто продадоа таков играч!
-
Шпанија17 часа
Шустер за лошата игра на Реал: Проблемот не е само во Мбапе
-
Англија10 часа
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
Свет17 часа
Халанд постави рекорд, па во свој стил ги шокирал соиграчите: Дознавме за убавата вест преку Инстаграм (Фото)
-
Свет20 часа
Белгијците им продадоа импресивна акција од слободен удар на избраниците на Спалети (Видео)