Поврзете се со нас

Англија

Четири засилувања за комплетно нов тим: Еве како би изгледал Арсенал на Артета за следната сезона (Фото)

Објавено

на

Микел Артета со победата во ФА Купот и пласманот во Лига Европа си заврши одлична работа кога во прашање е довербата на играчите во тимот.

Младиот и перспективен стратег полека почнува да ги средува коцките во тимот, па се чини дека го стори и невозможното убедувајќи го Пјер Емерик- Обамејанг да остане во клубот.

Сега Арсенал се интересира за неколку фудбалери кои би ги донел за да го крене квалитетот на екипата кој сезонава што измина не беше на највисоко ниво.

Така, Арсенал ќе се обиде во своите редови да донесе некои фудбалери кои или нема да чинат многу пари или ќе бидат донесени на позајмица.

Таков е случајот со Вилијан кој би пристигнал како слободен агент, но и на Фелипе Кутињо кој би стигнал на „Емирејтс“ како позајмен фудбалер од Барселона.

Артета е заинтересиран и за Диего Карлос од Севилја како и за Томас Парти од Атлетико Мадрид. За Карлос ќе се издвојат пари, додека Парти би требало да биде разменет со Александре Лаказет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни