Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Четири тима се пласираа во осминафиналето во ЛШ, Арсенал повторно ја победи Севилја (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Денешната натпреварувачка вечер во Лигата на шампионите ни донесе четири патници во осминафиналето во најелитното натпреварување, а тоа се тимовите на Реал Мадрид, Интер, Баерн Минхен и Реал Сосиедад.

„Кралскиот клуб“ не остави ништо на случајноста и со убедливи 3:0 ја победи Брага во натпревар на кој одмораше Белингем, но во негово отсуство, задолжени за голови беа Брахим Дијаз, Винисиус Жуниор и Родриго.

За разлика од Реал, Баерн и Интер доцна ги обезбедија победите против Галатасарај и Салцбург, но сепак успеаја во намерата да освојат три бода и тие исто така се меѓу 16-те најдобри.

Двата гола на Хари Кејн во самата завршница беа доволни за триумф, но пред крајот Баерн прими гол и Бакамбу ги постави конечните 2:1. Интер победи со гол од пенал кој го изведе Лаутаро во 85-та минута, но покрај италијанскиот тим, од оваа група во осминафиналето патува и Реал Сосиедад кој порано денеска ја совлада Бенфика со 3:1.

Во дербито на вечерта, Арсенал повторно беше поуспешен од Севилја и славеше со 2:0, па сега му треба само бод за да се најде во нокаут фазата. Стрелци на головите за Арсенал беа Тросар и Сака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни