Поврзете се со нас

Зимски спортови

„Четири скокалници“: Крафт ја предводеше австриската доминација во Оберздорф

Објавено

на

Фото: https://x.com/FISskijumping

Штефан Крафт е победник на првата етапа од традиционалниот натпревар „Четири скокалници“ во рамките на Светскиот куп во ски скокови, која денеска беше одржана во Оберздорф.

Искусниот Австриец победи на германско тло, а тоа му го овозможија скоковите со должина од 138 и 135,5 метри, со што го предводеше победничкиот подиум на кој се најдоа уште двајца негови сонародници.

Јан Херл и Даниел Шофениг ги освоија второто и третото место во Оберздорф, па австриската тројка отворено ги најави големите амбиции на преостанатите три етапи и битката за триумф во генералниот пласман.

За Крафт ова е трета победа на оваа скокалница во рамките на новогодишната турнеја, а славеше во генералниот пласман пред десет години.

Натпреварот продолжува со настап на ски-скокачите во Гармиш во првиот ден од новата 2025 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни