Поврзете се со нас

Англија

Четири премиерлигашки пресметки во четвртата рунда на ФА Купот (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

По завршувањето на дерби пресметката меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед која им припадна на гостите по изведувањето на удари од 11 метри беше извршена ждрепката за четвртата рунда на ФА Купот.

Истата ќе се игра на почетокот на наредниот месец, рунда во која рутински задачи треба да имаат Ливерпул и Манчестер Сити кои ќе бидат апсолутни фаворити во пресметките со Плимут, односно Лејтон Ориент или Дерби Каунти без разлика што ќе играат на гостински терен.

Оваа фаза ни нуди четири премиерлигашки битки и тоа Јунајтед-Лестер што значи дека Руд Ван Нистелрој ќе се врати на „Олд Трафорд“.

Брајтон ќе биде домаќин на Челси како и Евертон на Борнмут, додека Астон Вила ќе го пречека Тотенхем.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни