Поврзете се со нас

Италија

Четири позитивни тестови на коронавирус и во редовите на Сампдорија

Објавено

на

Денеска италијанските медиуми го пренесоа соопштението на Фиорентина која потврди шест позитивни случаи на коронавирус, а вечерва стигна информација и од Џенова која дополнително ќе го зголеми притисокот врз Серија А, чии претставници сакаат комплетирање на сезоната.

Се работи за четири позитивни случаи во редовите на Сампдорија, клубот кој ги тестирал членовите на првиот тим, од кои за еден фудбалер е објавено дека имал негативен тест, но следниот повторно му бил позитивен и исто така ќе оди во карантин.

Радува фактот што никој од заразените не чувствувал симптоми од коронавирусот, но Сампдорија останува клубот со најмногу позитивни случаи од почетокот на пандемијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни