Поврзете се со нас

Македонија

Четири македонски екипи ќе бидат активни на првиот ден на турнирот во Струга (ФОТО)

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

Од 14 до 17 август ќе се одржи 52. издание на ракометниот турнир во Струга, настан кој секогаш предизвикува внимание, интерес, па така е и оваа година во која покрај клубови од Македонија ќе имаме и состави од Грција и Шведска.

Организаторот веќе ги одреди двете групи, а сега е познат и распоредот, саатниците за сите натпревари.

Турнирот ќе биде отворен со пресметката меѓу домаќинот Струга и нашиот шампион Еурофарм Пелистер од 18:30 часот.

Потоа од 19:55 е закажано свечено отварања за да првиот ден биде затворен со уште една македонска пресметка меѓу бранителот на пехарот Вардар и Тиквеш.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни