Четири клучни зборови: Рајт му испрати совет на Погба за препирките со Мурињо

pogba-zoze

Манчестер Јунајтед никако не може да го фати посакуваниот залет, да запише неколку победи во низа и притоа едноставно да се крене атмосферата во тимот и  на „Олд Трафорд“.

Уште еден доказ дека нешто не функционира во екипата е последниот неуспех против Вулверхемптон (1-1) или поточно изјавите на двата клучни фактори во екипата-тренерот Жозе Мурињо и Пол Погба.

Мурињо даде свој коментар за почетничката грешка на Французинот за да потоа Погба одговори со критики за тактиката на португалскиот стратег.

Тоа според легендарниот Иан Рајт воопшто не му било потребно на Погба, па преку „Сан“ му испрати совет со четири клучни зборови: Само врши си ја својата работа (Just do your stuff),

-Ако бев негов постар брат ќе му кажаев: Доста веќе. Време е да престанеш да зборуваш затоа што на никого не му правиш услуга. Само врши си ја својата работа. Дојде време Погба да ја заврши војната со зборови со Мурињо. Французинот мора да има некои моќни сојузници на „Олд Трафорд“ за да излезе и да каже такви работи. Тоа беше директен дар кон неговиот тренер , -напиша Рајт во својата колумна.

Facebook Коментари