Поврзете се со нас

Свет

Четири клубови со силен интерес за Денис Закарија од Менхенгладбах

Објавено

на

Голема е веројатноста фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Денис Закарија да ја промени средината и веќе оваа зима да има нов клуб.

Фудбалерот од средината на теренот, кој може да покрие и во дефанзивата ги игра последните шест месеци од неговиот актуелен договор со Борусија Менхенгладбах и речиси сигурно ќе си оди од клубот со цел Германците да заработат на неговиот трансфер.

Во последно време Манчестер Јунајтед се поврзуваше со ангажман на Закарија, а сега се појавија информации дека за фудбалерот се заинтересирани уште три други тимови.

Фабрици Романо пренесува дека најсериозни во намерата да го ангажираат Закарија се германските тимови Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

Според новинарот, и Манчестер Јунајтед одржал преговори со неговиот агент, но барем засега не е испратена понуда за неговите услуги.

И од Јувентус ја чекаат целата разврска за фудбалерот и би можеле да испратат понуда до Борусија Менхенгладбах која за да го ослободи во јануари ќе бара сума од околу седум милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни