Поврзете се со нас

Германија

Четири клуба заинтересирани за ангажман на Санчо

Објавено

на

Борусија Дортмунд е подготвена и веројатно ќе го пушти Џејдон Санчо да си оди од клубот по крајот на оваа сезона.

Дека фудбалерот можеби ќе си замине потврди и спортскиот директор на клубот, Мајкл Цорк кој истакна дека имаат џентлменски договор со Санчо да го пуштат да си оди доколку на нивна адреса пристигне примамлива понуда.

Според „Скај Спортс“ во моментов четири клубови се заинтересирани во своите редови да го донесат Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд. Манчестер Јунајтед и натаму останува меѓу конкурентите кои ќе го бркаат потписот на играчот, додека останатите три клуба не беа откриени од „Скај Спортс“, но се верува дека меѓу нив се и Ливерпул, Челси и Баерн Минхен.

Борусија Дортмунд ќе го пушти младиот крилен фудбалер да си оди од клубот за сума од околу 80 милиоини фунти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни