Четири имиња се во игра: Кои играчи можат да го заменат Роналдо во Реал

perez-telefon

Во текот на вчерашниот ден Кристијано Роналдо го официјализираше преминот од Реал Мадрид во италијанскиот гигант Јувентус.

Овој трансфер вреден над 100 милиони евра сигурно ќе донесе нови потреси на фудбалскиот пазар, бидејќи сега се очекува одговорот на Флорентино Перез и Реал Мадрид, поточно потегот кој ќе биде повлечен за наследник на Португалецот. Во јавноста веќе се вртат неколку имиња, а реномираниот „АС“ излезе со листа од топ 4 кандидати кои можат да го пополнат местото на Кристијано.

Тоа воопшто не е лесно со оглед на тоа што напаѓачот секоја сезона гарантираше по 50 голови по сезона, унинок кој само тој и Меси редовно го исполнуваа изминативе години во најквалитетните натпреварувања. Според „АС“ прв на листата е Нејмар кој е опсесија на претседателот Перез, играч во кој Перез гледа перфектна замена за Поругалецот на теренот и надвор од него.

Потоа следи Килијан Мабапе, меѓутоа со него како и со Нејмар постои еден голем проблем-тоа е ПСЖ кој не сака да се откаже од најголемите ѕвезди. Списокот се заокружува со двајца асови од Премиер лигата кои и во минатото се поврзуваа со „кралевите“, Хари Кејн од Тотенхем и Еден Азар од Челси.

Како и да е пред Реал и Перез е тешка задача да донесе една од овие ѕвезди, трансфер кој ако се реализира сигурно ќе биде далеку повисок од оној на Роналдо во Јувентус.

Facebook Коментари