Поврзете се со нас

Свет

Четири холандски фанови добија затворски казни за инцидентите по дуелот Ајакс-Макаби

Објавено

на

Судот во Амстердам денеска испорачал затворски казни за пет холандски државјани, кои се обвинети за насилство и физички напад по натпреварот меѓу Ајакс и Макаби Тел Авив во Лига Европа.

Големи инциденти се случија низ улиците на Амстердам, при што најмалку 20 лица завршиле во болница, додека 5 од нив биле и хоспитализирани.

Еден навивач добил 6-месечна затворска казна, друг навивач добил два и пол месеца затвор, двајца добија затворска казна од 1 месец, а само еден фан поминал со 100 часа општествено полезна работа.

Сите пет навивачи биле холандски државјани на возраст од 19 до 32 години, а за уште шест навивачи дополнително ќе има пресуди.

Полицијата и натаму работи на истрагата и бара дел од инволвираните преку јавно објавени фотографии кои треба да помогнат во нивно идентификување.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни