Четири години по страшниот инцидент: Пресметано колкав дел од богатството на Шумахер е потрошено за лекувањето

sumaher-kosa

Миихаел Шумахер и натаму води жестока и секојдневна битка за враќање во нормална состојба и на старите навики, сетоа тоа како последица на страшниот ски-инцидент кој го имаше на француските Алпи.

Денеска се полнат точно четири години од страшната несреќа по која Шумахер се уште има големи трауми и неправилна работа на мозокот, а и покрај тоа што семејстовто на најдобар можен начин прикрива да даде било какви информации за неговата здравствена состојба, во јавноста пред извесно време се појавија информации дека неговата ситуација е подобра и понадежна од онаа во првата година од лекувањето.

Големите фанови на Ф1 денеска со лоши сеќавање се навраќаат на несреќниот 29 декември во 2013 година кој комплетно му го промени животот на седумкратниот шампион, кој сега своето заработено богатство на патеките и од рекламите го користи да си ги плати исклучително високите лекарски третмани кои ги добива секојдневно.

По овој повод, „Форбс“ направи една анализа за тоа колкав дел од заработеното богатство има потрошено Шумахер за своето лекување, а ако се земе во предвид огромната сума која тој ја заработи благодарение на неверојатниот талент, конечниот заклучок е дека станува за навистина мала количина. Дел од медиумите едно време почнаа да пренесуваат дека семејството Шумахер е обрвзано да продава недвижините и автомобили за да може да го издржи скапото лекување, но сепак ова е далеку од реалноста според изворите на „Форбс“. Според најугледниот бизнис магазин, Михаел во својата кариера заработил неверојатни 840 милиони евра, а со оглед на тоа што едно седмично лекување за него чини 140 илјади евра, пресметките велат дека семејството Шумахер има потрошено 28 милиони евра за приватната нега на еден од најдобрите Ф1 возачи на сите времиња.

Facebook Коментари