Четата на Станојковиќ подготвена за големиот предизвик: Со сите сили до пласман на ЕП во Финска (Фото)

U19Makedonija-Romanija1

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 19 години, Вујадин Станојковиќ  го објави списокот на играчи кои треба да одговорат на предизвикот елитната квалификациска рунда за пласман на Европското првенство во Финска во 2018 година.

Турнирот се игра во Скопје од 21. до 27. март, а противници ни се Англија, Унгарија и Летонија, Средбите ќе се играат на националната арена „Филип Втори“ и на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

-19-godini

Првата средба за нас е против Летонија (21 март), по што ќе се соочиме со Унгарија (24 март) за да на крајот излеземе на мегдан со Англичаните (27 март).

Facebook Коментари