Четата на Милевски доби нова лекција: Австрија ја преслуша Македонија на „Филип Втори“

RA1_9857

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година доживеа убедлив пораз од Австрија со 4-0 во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2019 година.

Избраниците на Благоја Милевски повторно потфрлија, дозволија гостинот да ги надигра, да ги искористи своите шанси и да запише голема победа на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Австријците по 36 минути поведоа со 3-0 со головите на Јапуповиќ, Хоншак и Лаимер за да точка на триумфот стави Јапуповиќ со вториот свој погодок во 54 минута.

Ние до крајот имавме неколку добри прилики за намалување на резултатот, а најголемата ја пропушти Исени кој не реализираше удар од 11 метри или поточно голманот Гартлер ја прочита неговата намера.

Македонија во групата 7 по четири рунди има три бода е на последната позиција на табелата.

Facebook Коментари