Честа е бесценета: Халилхоџиќ ја тужи Јапонската федерација за неверојатна сума

vahid-halilhodzic

Вахид Халилхоџиќ ја предводеше јапонската фудбалска репрезентација на патот кон СП во Русија, но заработи отказ неколку месеци пред почетокот на мундијалот.

Искусниот стручњак очекувано беше погоден од ваквата одлука на Јапонците, а сега реши да ја брани својата чест пред судските инстанци, докажувајќи дека бил неосновано отпуштен. Дека се работи само за желба за утврдување на вистината говори фактот што Халилхоџиќ побарал отштета од 1 јен, односно сума која не е ни десетина од 1 евро.

– Ова го правиме само поради честа, а таа нема цена. Причината за отказот се уште не ни е јасна, какво е тоа објаснување дека немало доволна комуникација меѓу селекторот и играчите, – истакнал адвокатот на Халилхоџиќ.

Facebook Коментари