Чешкиот пилот Шонка вторпат триумфален со победата во Казан

Photographer Credit:
Andreas Schaad/Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Andreas Schaad/Red Bull Content Pool

Светскиот вице-шампион од сезоната 2017, Шонка, дојде во Казан со големи очекувања откако ја освои првата победа во сезоната 2018 во Будимпешта, но се уште се бореше да ја најде најдобрата линија на руската патека и заврши како 12-ти во квалификациите. Сепак, во неделната трка, чешката ѕвезда беше во форма и го оствари најдоброто време на почетокот во првата рунда меѓу најдобрите 14 пилоти, а потоа го стори истото и во втората, кога возеа најдобрите 8 од претходната. Финалната четворка беше под голем притисок, зашто Чемблис и Гулијан кои беа прв и трет во Казан во 2017 година – како и Шпанецот Хуан Веларде сите имаа времиња под 53 секунди. Се зависеше од Шонка, а времињата им беа многу блиски, но на крајот Шонка извади време од 52,123 секунди, со што го надмина Гулијан за само 0,115 секунди за победа и подобрување на пласманот на табелата.

Денот не беше толку среќен за бранителот на титулата светски шампион, Јошихиде Муроја од Јапонија, ниту за човекот кој пристигна во Казан како прв на табелата, Австралијанецот Мат Хол. И двајцата го завршија својот настап во втората рунда на летање меѓу најдобрите осум пилоти, заработувајќи казни. Резултатот од Русија го истакнаа Гулијан, најпостојаниот пилот во сезоната со четири подиуми и пет настапи меѓу најдобрите четворица, па сега тој е пак на врвот со 55 поени, додека Шонка и Хол сега се изедначени на второто место, секој со по 49 поени. Французинот Мика Бражо и Муроја успеаја да ги задржат четвртото и петото место, но разликата во поени меѓу нив и првите тројца се прошири.

– Ова дефинитивно беше една од најтешките трки кои сме ги искусиле затоа што се боревме со многу работи овде. Ништо не функционираше во наша корист, така што денеска тимот навистина вложи големи напори. Заради сите напори за постигнување на овој резултат, тој е уште поголем,- рече Шонка. – Јас не размислувам за самата сезона, за титулата. Сега можеме да почнеме да мислиме за следната трка во Виенер Нојштад, и тоа претставува уште една задача пред нас. Мораме да бидеме фокусирани.

Со следната трка Red Bull Air Race се враќа на своите корени со првата австриска станица од 2016 година. Пресметката на Виенер Нојштад исто така ќе биде и последна трка во Европа пред светскиот шампионат да се пресели во САД за последните две станици од сезоната.

Резултати (мастер класа) Казан 2018: 1. Мартин Шонка (Чешка) 2. Мајкл Гулијан (САД), 3. Кирби Чемблис (САД), 4. Хуан Веларде (Шпанија), 5. Бен Марфи (Велика Британија) 6. Франсоа ле Вот (Франција), 7. Мат Хол (Австралија), 8. Јошихиде Муроја (Јапонија), 9. Петр Копфстајн (Чешка), 10. Николас Иваноф (Франција), 11. Пит Меклеод (Канада) , 12. Мика Бражо (Франција), 13. Матијас Долдерер (Германија), 14. Кристијан Болтон (Чиле).

Табела после пет трки: 1. Мајкл Гулијан (САД) 55 поени, 2. Мартин Шонка (Чешка) 49 поени, 3. Мат Хол (Австралија) 49 поени, 4. Мика Бражо (Франција) 27 поени, 5. Јошихиде Муроја (Јапонија) 22 поени, 6. Франсоа Ле Вот (Франција) 20 поени, 7. Кирби Чемблис (САД) 19 поени, 8. Хуан Веларде (Шпанија) 16 поени, 9. Матијас Долдерер (Германија) 15 поени, 10. Бен Марфи (Велика Британија) 15 поени, 11. Пит Меклеод (Канада) 11 поени, 12. Петр Копфстајн (Чешка) 10 поени, 13. Кристијан Болтон (Чиле) 6 поени, 14. Николас Иваноф (Франција) 6 поени.

Photographer Credit: Predrag Vuckovic/Red Bull Content Pool
Photographer Credit:
Predrag Vuckovic/Red Bull Content Pool

Facebook Коментари