Свет
Чешки клуб ќе му даде минутажа нa син на милионер кој никогаш не играл фудбал

Чешките медиуми пласираа несекојдневна информација поврзана со клубот Усти над Лабем, кој е поранешен прволигаш, а сега се натпреварува во третата фудбалска лига на оваа земја.
Претседателот на овој клуб прифатил да регистрира 22-годишно момче, кое никогаш досега не играло фудбал и единственото искуство со фудбалот му е преку видео игрите.
Причината е фактот што Мартин Подхајски е син на чешки милионер, кој понудил да плати 500.000 круни за 10-минутен настап на својот син на официјален натпревар.
– Никогаш не играл фудбал, ми кажа дека играл само ФИФА видео игра.
– Од друга страна, не гледам дека некој друг би понудил 500.000 круни, па за таа сума би му дозволил секому да игра, – изјавил претседателот на клубот, Премисл Кубањ.
View this post on Instagram
-
Балканпред 13 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 22 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 18 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 4 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Италијапред 5 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 15 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Шпанијапред 5 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)