Поврзете се со нас

Свет

Чешка со „седумка“ се загреа за пресметката со Македонија

Објавено

на

foto:x.com/ceskarepre_cz

Чешка и Македонија имаат закажано пријателски меч за 10.јуни во Храдец Кралове, но пред тој дуел Чесите имаа уште еден предизвик кој го одработија на фантастичен начин.

Имено селекцијата на Чешка ја разби Малта со 7-1 во средба во која фаворитот беше ефикасен во двете полувремиња. Првиот дел заврши со 2-0 за да по паузата избраниците на Иван Хашек бидат на уште повисоко ниво и до врв ја наполнат мрежата на Малтежаните.

Ова дефинитивно треба да биде предупредување за избраниците на Милевски кои не се во најдобар ритам и пред неколку дена загубија од комбинираниот состав на Хрватска со 3-0.

Македонија и Чешка последниот пат се имаат соочено во 2005 година во квалификациите за СП, ние загубивме со 6-1 во дуелот во кој „џинот“ Колер ни даде четири погодоци, стрелаа уште Росицки и Барош, а за нас погоди Пандев,

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни