Поврзете се со нас

Репрезентација

Чешка се откажа, Македонија ќе игра на СП во Египет!

Објавено

на

Ракометната репрезентација на Македонија ќе биде дел од големиот спектакл, односно ќе настапи на Светското првенство кое овој месец ќе се одржи во Египет.

Имено ние го имавме статусот на прва резерва, а тоа ни донесе среќа затоа што Чешка се откажа од мундијалот поради здравствени проблеми. Чесите имаа голем број на случаи на КОВИД-19, меѓу нив беа и тренерите за да на крајот донесат одлука да не патуваат за Египет и со тоа нас ни направат услуга, ни овозможат да го продолжиме континуитетот на големите натпреварувања.

Чешка беше во групата Г, а тоа во овој случај значи дека ние ќе играме против домаќинот, потоа селекцијата на Чиле која во изминативе денови двапати ја совладавме во Скопје и репрезентацијата на Шведска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни