Чешка со пресврт до нова титула во Фед Купот

ceska

Селекцијата на Чешка е старо нов освојувач на Фед Купот, откако во големото финале ја доби Франција со 3-2 со пресврт.

Клучниот поен за тенисерките од Чешка го донесоа Каролина Плишкова и Барбора Стрицова кои со 7-5 и 7-5 во Стразбур ја добија противничката комбинација Кристина Младеновиќ и Каролин Гарсија.

Ова за Чехинките трета титула во низа или петта во последните шест години. Воедно ова за капитенот Петр Пала е петта титула со што е најуспешен во историјата на ова натпреварување.

Facebook Коментари