Чешка ја одбрани титулата во Фед Купот (Видео)

ceska fed cup

Женската тениска репрезентација на Чешка ја одбрани титулата во Фед Купот, откако во финалето во Прага славеше над Русија со 3:2.

Поенот вреден пехар за Чехинките го донесе дубл комбинацијата Каролина Плишкова и Барбора Стрицова кои славеа над Елена Веснина и Анастасија Пављученко со 2:1 во сетови (4:6, 6:3, 6:2).

Инаку по првиот ден резултатот беше 1:1, во саботата Шaрапова ја доби Квитова за да потоа Плишкова слави над Пављученко за 2:2, по што мечот во двојки го даде победникот во ова натпреварување. Ова за Чешка е четврта титула во псоедните пет години во Фед Купот.

Facebook Коментари