Червар: Загрижен сум за Дувњак…

duvnjak1

Хрватска стигна до првите бодови на Европското првенство, но голем проблем за селекторот Лино Червар може да биде повредата на Домагој Дувњак кој не можеше да го заврши натпреварот.

На прес-конференцијата по натпреварот, Червар не криеше дека Дувњак има сериозен проблем, иако не се работи за проблематичното колено.

– Дувњак има проблеми со листот. Штета, загрижен сум, треба да видиме за кој степен на повреда се работи, – изјавил Червар, додека Хрватите очекуваат резултати од лекарските прегледи за да официјализираат што се случува со одличниот ракометар.

Facebook Коментари