Червар за повредата на Дувњак: Сакавме да го замениме, ама…

Репрезентацијата на Хрватска имаше позитивен старт на Европското првенство на кое се тие домаќини, но дуелот со Србија за нив донесе и една лоша веста-тоа е повредата на нивниот капитен и најдобар играч Домагој Дувњак.

Тој не можеше да го заврши натпреварот поради проблем со листот на десната нога и сега сите со нетрпение ги чекаат дополнителните медициски прегледи за да се знае дали воопшто ќе може  да заигра на овој шампионат.

Лино Червар се обиде да ја разјасни ситуацијата и да одговори зошто толку долго го држеше во игра асот на Кил кога реално немаше потреба од него на теренот.

-Тој има повреда на листот на десната нога, мора да направиме снимка па да видиме што се случило. Ние сакавме да го замениме, ама имаше врева во салата и не не слушна. Се случи што се случи, најверојатно судбината така сакаше, -порача Лино.

Facebook Коментари